Каматите се' пониски – до кога ќе сакаат да штедат штедачите

Bez autora
Jan 08 2015

Најновите каматни стапки на депозитите не донесоа многу радост за штедачите. За своите вложени пари во банка граѓаните добиваат се' пониски заработки, бидејќи каматите не престануваат да одат надолу подолг период наназад. Последните бројки на Народна банка на Македонија покажуваат нов пад на каматните стапки на штедните влогови, што е особено изразено кај денарските депозити. А во исто време населението речиси секој слободен денар го носи во банка, така што за 11 месеци лани нивните заштеди пораснале за 202 милиони евра. Граѓаните кои штедат во денари на крајот од ноември минатата година за своите влогови во банка добиле приход од камата по стапка од само 3,4 отсто, зборуваат најновите податоци на Централната банка. За да се види колку се намалува каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула, најдобро ќе биде ако се направи споредба со нејзините вредности во претходните периоди.

Каматите се' пониски – до кога ќе сакаат да штедат штедачитеНајновите каматни стапки на депозитите не донесоа многу радост за штедачите. За своите вложени пари во банка граѓаните добиваат се' пониски заработки, бидејќи каматите не престануваат да одат надолу подолг период наназад.

Последните бројки на Народна банка на Македонија покажуваат нов пад на каматните стапки на штедните влогови, што е особено изразено кај денарските депозити. А во исто време населението речиси секој слободен денар го носи во банка, така што за 11 месеци лани нивните заштеди пораснале за 202 милиони евра.

Граѓаните кои штедат во денари на крајот од ноември минатата година за своите влогови во банка добиле приход од камата по стапка од само 3,4 отсто, зборуваат најновите податоци на Централната банка. За да се види колку се намалува каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула, најдобро ќе биде ако се направи споредба со нејзините вредности во претходните периоди. Односно, на крајот од 2013 година за денарските влогови банките им плаќале камата на штедачите од 4,1 отсто, што значи дека за нецела година, односно за 11 месеци, има намалување за 0,7 процентни поени. Во истиот период, каматата на девизните депозити се намалила за половина процентен поен, односно таа и досега беше исклучително ниска и ако на крајот од 2013 година изнесувала 1,8 отсто, веќе во ноември лани се сведува на исклучително ниски 1,3 проценти. Односно, толкава камата добиваат од банките оние граѓани и фирми кои сакаат своите заштеди да ги чуваат во девизи, а не во денари.

Ако се оди уште поназад, податоците покажуваат дека каматната стапка на денарските депозити на крајот од 2012 година била на ниво од 4,8 отсто, или за нецели две години падот е за 1,4 процентни поени.

Пад на каматите е забележан и на месечно ниво, па така стапките на депозитите во домашна валута во октомври биле 3,6 отсто, што значи и само за еден месец имаме намалување за 0,2 процентни поени.

Но, барем според она што го покажуваат бројките на НБМ за состојбата и за движењето на штедните влогови, тие не само што не се намалуваат поради овој континуиран и значаен пад на каматните стапки, туку постојано се зголемуваат.

Односно, ако на крајот од 2013 година вкупните депозити во банкарскиот систем биле на ниво од 4,21 милијарди евра, тие за 11 месеци од минатата година се зголемиле за дури 307 милиони евра, односно достигнале 4,52 милијарди евра. Само за еден месец, пак, во ноември во споредба со октомври лани, вкупните депозити бележат пораст од 33 милиони евра.

А најголем дел од овој раст, пак, се должи на штедењето на граѓаните, кои во македонскиот банкарски систем само за 11 месеци од минатата година вложиле дури 202 милиони евра. Или, ако на крајот од 2013, штедните влогови на домаќинствата биле на ниво од 3,04 милијарди евра, на крајот од ноември лани достигнале 3,24 милијарди евра, односно зголемувањето е за 202 милиони. За период од еден месец, пак, односно во ноември, порастот на штедните влогови на граѓаните изнесува 14 милиони евра, зборуваат податоците на Централната банка.

Факт е дека каматните стапки сега се на најниско ниво откако се памети во земјава, и тоа важи и за кредитите, и за депозитите. Но, повеќе од јасно е и дека во последниов период многу повеќе се намалуваат каматите на влоговите, и тоа на оние што се чуваат во денари, додека, пак, тој надолен тренд оди побавно кај заемите. Доказ за тоа е, на пример, фактот што каматните стапки на кредитите во земјава на крајот од ноември лани биле 7 проценти, откако 2013 година ја завршиле со ниво од 7,4 отсто, што значи дека овде намалувањето е за 0,4 процентни поени.

Според аналитичарите, прашање е до кога штедењето во денари ќе биде атрактивно за населението, доколку и натаму продолжи да паѓа каматната стапка на овие влогови. Она што сега гарантира негово одржување на солидни позиции и раст, всушност, се смета дека е ограничениот избор за други начини на вложување на слободните парични средства.

Ивана Влаткова Холар, шефица на Мисијата на ММФ за Македонија, при својата последна посета на земјава, во врска со каматите на депозитите изјави дека „со намалување на валутните распони, ќе биде важно да се одржат каматните стапки на ниво кое ќе обезбедува штедење во денари“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik